Sunday, November 16, 2008

Груевски - зошто 24 часа реклами во наредните 4 год.

Почитувани,

Без вовед, веднаш, би сакал да ја споделам приказнава која мене како граѓанин на Македонија, даночен обврзник, гласач кој го даде својот глас за партијата на власт - "ме удри јако". Едноставно да споделам и се олеснам ...

Значи ситуацијата хронолошки идеше вака:

Работејќи во компанија која има потреба од ТВ рекламирање проследив барање за рекламирање во двете најпознати наши телевизии - А1 и Канал 5.

Понудите беа скоро исти во цените со следнава математика:
Рекламирање пред вестите во 19 часот цената е 65 EUR по секунда или 3900 EUR за цела минута.

Хм, ако мојот спот е во времетраење од пола минути и ако спроведувам кампања од минимум еден месец прикажувајќи секој ден би ме довело до сума од скоро 60.000 EUR. Wowwww ... и тоа само еднаш пред вести ?!

Си велам ова не е можно, ова е грабеж, нема никаква логика за големина на пазар каков што е македонскиот.

Разочаран, се јавувам кај агентите од ценетите телевизии да им соопштам дека не сум заинтересиран. Нормално, ме прашуваат зошто. Им ја кажувам мојата пресметка, и слушам од другата страна еден кратка и слатка насмевка.

Ме прашува дали сум го прочитал целиот e-mail а не само прикачената понуда. Се враќам во мојот Inbox, и .....
Пишува убаво 90% попуст на цените?!

Ок, сега сум срекјен, TOP, браво, сега сум заинтересиран.
Затворам телефон, правам пак математики.
6.000 EUR - Ова веќе прави смисла, ајде почнуваме од 1ви ...

Помина една недела, имам закажан состанок со агентот да потпишам некои "папири". Во меѓувреме, постојано ме тишти една мисла - зошто добив попуст? Ниту го знаев агентот, ниту го знаев Рамковски, ниту пак било кој во телевизиите, ниту имаше некој услов кој би ме обврзал да го добијам попустот, барем да имаше плати во рок од 15 дена и доби попуст.

Во ред, седнавме, потпишав, сега е официјално.

Не можам да не издржам, морам да прашам ... и ете така наивно кон него ...
Во ред, супер сте, цената што ми ја даде е фантастична, знам дека не е баш паметно да се прашува и полемизира на нешто што оди во моја корист, но зошто попуст ?!?

Од другата страна пак истата и слатка насмевка, кратка тишина и концизен одговор (просветлување). Таа цена не е за приватни Компании ?!
Аха, значи таа е за влада и владини компаниии ?! - Да, така ипаѓа, не потврдува но го дели моето мислење ...

Кое откровение !

Се насмеав со кисела насмевка, го испратив задоволниот агент. На излегување пријателски ме погледна и ме посоветува, продолжете со рекламирање и можете да добиете вистински попуст (уште 3-5% или цирка 95%) !?!

Ве молам доколку сте во можност реконструирајте го сценариово од погоре и пишете ги назад вашите искуства.

Како заклучок, пак прашање ... колку минти пројдоа за какви уште не кампањи. Сето тоа по 3.600 EUR од минута.

Дури мислам дека и сегашнава гарнитура е свесна дека моменталните "имбецилски кампањи" и одат во анти реклама. Но! сепак гледајќи ја медиумската наклонетост за време на изборите, може да се заклучи дека "deal-от" допрва ќе се исплаќа.